Откриена децениската измама на Фејсбук: Доколку ја добиете оваа порака, игнорирајте ја!

loading...

Нова одлична прилика да стенете кул во својот социјален круг е да ја пренесете пораката за хакерот наречен „Џејдан К. Смит“, кој испраќа барања за пријателство.

Пораката гласи:

Ве молиме да ги предупредите вашите контакти во „Месинџер“ да не прифаќаат барање за пријателство од Џејдан К. Смит. Тој е хакер и поседува систем прикачен за вашиот профил. Ако некој од вашите пријатели го прифати барањето и вие ќе бидете хакирани. Затоа е важно вашите пријатели да го знаат тоа. Благодариме.Проследено.

Оваа порака со години циркулираше на интернет под различни називи. Како пишуваат порталите, дописот за Џејдан К. Смит со предупредувања пристигнуваа од сите краеви на светот.

Не постои Џајден К. Смит и проследувањето на пораката нема да помогне никому – вели од сајтот „Хоалс Слејер“.

Корисниците не би требало да се грижат. За да некој ви го хакира профилот потребно е да ја знае вашата лозинка или да вметне заразен фајл во вашиот компјутер.

Што се однесува до Џејдан К. Смит не грижете се – се работи само за уште една спам порака.

 


Loading...

Последни наслови

Facebook Comments