Откриен бункер во автомобил и запленети венецијански ролетни на Табановце (фото)

Сподели со своите пријатели

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија еден обид за криумчарење марихуана и повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани девизи, автомобил со бункер, облека, цигари, синтисајзери, инекции, мобилни телефони, ленти за венецијанер ролетни и фалсификати, информираат од Царинската управа на Република Македонија.

На граничниот премин Табановце автопат привремено е задржан автомобил во кој бил откриен специјално подготвен бункер наменет за криумчарење стока. Бункерот бил пронајден под багажниот простор, помеѓу задните тркала, на германски автомобил, кој управуван од албански државјанин се пријавил за излез од државата. Против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

 

Loading...

vozilo-so-bunker

 

Вкупно осум кутии со ленти за венецијанер ролетни, откриени при контрола на бугарски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените производи, пронајдени во багажникот на возилото, се привремено задржани, а против возачот е поведена прекршочна постапка.