Освен Тесла автомобилот, Илон Маск во вселената испратил и мал мистериозен предмет

Сподели со своите пријатели

Најголемо внимение во светот зеде електричниот автомобил Тесла на Илон Маск кој прикачен во ракетата на „Спејс екс“ за време на историското лансирање беше испратен во вселената. Но, во себе имала и друг, таен багаж за кој никој не знаел.

Астрономите веќе го забележале автомобилот на Илон Маск во Вселената (ФОТО)

Loading...

Во внатрешноста на Тесла автомобилот имало мал мистериозен објект дизајниран да трае милиони години – дури и во екстремни услови во вселената и вонземски планети.

Тој објект е наречен Арч. Во прашање е мал уред за складирање податоци кој во себе содржи цели библиотеки податоци сместени на мал диск од кварцен кристал голем колку кованица.

Мислеле дека е гулв и го тепале на училиште: Чудни факти за милијардерот Илон Маск

Арч би требало да го сочува и прошири човековото знаење со текот на времето и вселената за иднината на човековата цивилизација.

Иако е помал од ЦД, Арч може да складира многу повеќе податоци од било кој друг тип на уред кој го имаме дома.

Илон Маск ја лансираше најголема ракета во светот, со себе носи и автомобил (ВИДЕО)

Уште поимпресивна е долговечноста на уредот. Научниците тврдат дека е во прашање најдолговечниот објект за чување податоци кој човекот го измислил и во теорија недопрен би можел да живее цели 14 милијарди години.

Leave a Reply