Островот кој половина година припаѓа на една, а втората половина на друга држава (видео)

Сподели со своите пријатели

Во покраината Баскија, измеѓу северниот шпански град Ируна и југозападниот француски град Хендаја, тече реката Бидасоа. Во средината на реката, која ги дели Шпанија и Франција се наоѓа територија со посебен статус – Островот на фазаните.

Островот на фазаните е земја со која заеднички управуваат двете држави. Колку е познато, најмалата и најстара територија со ваков статус е токму овој остров. Неговите 5.000 квадратни метри шест месеци припаѓаат на Шпанија, па шест месеци во годината на Франција. На островот нема споменици, освен една плоча која потсетува на неговото место во историјата. Симболизира мир и соработка помеѓу овие две држави.

Loading...

Најголемат аопасност за островот ветојатно би била можност за неговото исчезнување. Површината со векови му се намалува поради ерозијата. Но двете држави се договориле заеднички да работат на неговото зацврстување, што се покажало успешно.

Во очи ми паѓа фактот дека на Островот на фазаните воопшто нема фазани – напишал францускиот писател Виктор Уго при посетата во 1843 година. И навистина, името на островот не одговара на реланост, затоа што на него воопшто нема ниту еден фазан.