Остров од отпадоци плови по Карипското море (видео)

Сподели со своите пријатели

Шокантна глетка од загадување кое доаѓа од Кариспкото море, прикажува куп отпад кој плови на површина од неколку илјади километри.

Фотографот Керолајн Пауерс го снимила овој призор и изразила гадење во врска со однесувањето на луѓето кон планетата.

– Луѓето не размислуваат за дневните навики и нивнотот влијание на нашата планета. Имам среќа што живеет на место каде тие влијание се повидливи, рекла Пауерс која последните 11 години живее на мал остров на Карибите.

Научниците во паника: Вознемирувачко откритие на дното на океанот

Loading...

Се претпоставува дека отпадот во морето дошол од Гватемала, по пат на река која поради дождот го осбрала сиот смет од градовите.

– Еднаш кога сметот ќе дојде во морето, многу е тешко и скапо да го отстраните. Отпадот треба да го спречиме затоа што не треба да дојде до морето, истакнала Пауерс, која најмногу ја погодила смртта на морските животни кои со пластичниот отпад може лесно да го проголтаат и да се заразат.

https://youtu.be/GSMGKwZBaWM