Осомничениот за убиството во Охрид пронајден во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во координирана акција на надлежните органи, лоцирано беше лицето кое е осомничено за извршеното Разбојништво со смртни последици, кое се случи во Охрид на 20 февруари. Лицето е лишено од слобода и по наредба на надлежен јавен обвинител во тек е  преземањето на дејствија за натамошно расветлување на кривично правниот настан, ова денеска го објави Јавното обвинителство на својата официјална страница.

Осомничениот кој потекнува од Куманово, во моментот на разбојништвото живеел во иста станбена зграда со жртвата и се познавал со неа. По извршеното разбојништво, осомничениот заминал за Куманово со намера да излезе од границите на државата.

Основното јавно обвинителство Охрид ги презема сите потребни дејствија за кои јавноста благовремено ќе биде информирана.

Завчера вечерта осомничениот ја уби шеесет и седумгодишната Спаса Бојоска во потрага по пари, со неколку убодни рани во пределот на телото и главата. Ја убил во домот во кој живеела сама на улицата Галичица.