Оружје и муниција откриени во куќа во Опае

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против И.А. (54) од селото Опае поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Имено на 07.09.2016 година во 20.00 часот полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот при што пронашле една некомплетна автоматска пушка, воздушна пушка без кундак, 12 куршуми калибар 7,62 мм, 13 куршуми за автоматска пушка, седум куршуми од непознат калибар и 18 куршуми непознат калибар маневарска муниција, кои пријавениот неовластено ги држел во својот дом.