Организатор на Минхенската безбедносна конференција: Светот е близу границата на голем конфликт

Сподели со своите пријатели

Светот е близу границата зад која може да почне опасен меѓународен конфликт, изјави денеска германскиот дипломат Волфганг Ишингер, организатор на Минхенската безбедносна конференција.

Тој нагласи дека овогодишниот, 54-ти по ред форум со учество на околу 20 државни и владини раководители и близу 80 министери за одбрана и надворешни работи, преминува под мотото „До крајот на пропаста и обратно“.

Тридневниот форум се одржува во хотелот Бајришер хоф во Минхен.

– Се надевам дека Минхен може да придонесе за почеток на некаков разговор одново и тоа не само меѓу Москва и Вашингтон, како и меѓу Москва и другите светски значајни држави. Мислам на пример на Украина и други црвени точки во светот, изјави Ишингер.

Тој додаде дека не ја изгубил надежта, но „треба да бидеме реални дека светот се уште изгледа многу лошо во моментот што се однесува до глобалната стабилност“.

Оваа година делегацијата на САД ја предводи министерот за одбрана Џејмс Татис. Присутни се британската премиерка Тереза Меј, премиерите на Израел, Бенјамин Нетанјаху и на Ирак, Хајдер ал Абади, претседателот на Украина, како и министерите за надворешни работи а Русија, Иран и на Турција.

Министерката за одбрана на Франција, Флоранс Парли констатира во говорот дека современиот свет преживува големи промени и дека балансот на силите во него се изместува на штета на државите што ги следат принципите на либералната демократија.

Според неa, расте ризикот од глобални конфликти. /МИА

Leave a Reply