Општина Куманово во 2017. година има повеќе приходи од расходи

Сподели со своите пријатели

Приходната страна во билансот на завршната финансиска сметка на Општина Куманово минатата година била поголема од расходите, што значи дека локалната самоуправа во 2017 година работела со суфицит, рече раководителот на Секторот за финансии на последната седница на советот.

Буџетот во 2017. годиан бележи реализација на приходната страна од 85 проценти, додека расходната страна е за еден процент помала.

– Во завршната сметка е дадена реазлицаијата и на приходната и на расходната страна во билансите на приходи и на расходи и поеденичено е дадена рализацијата на сите програми кои ги разгледувавте и беше составен дел на кварталниот извештај за извршување на буџетот. Морам да кажам дека целосната реазлицаија на приходната страна е 85 проценти, почнувајќи од даночни, неданочни, трансфери приходи од дотации и донации додека реалиазцијата на расходната страна е 84 проценти. Општината во 2017 година работела со суфицит, односно има остварено поголеми приходи во однос на трошоци што значи дека не се финансирала од салдото што и останало од претходната година. Тој еден процент  што е останат е салдо кој пишува како е распределено, рече Илиевска.

Советникот од опозиционата ВМРО-ДПМНЕ, Драган Петковски вели дека секогаш кога треба да се крати, тоа се прави од капиталните инвестиции.

– Секаде каде што се капиталните инвестиции, каде е во прашање поширокиот интерес на граѓаните реазлизиајцата е нула, додека на ставките кои се однесуваат за општинската администрација, зоглемување за вработување, покриениот пливачки базен реазлиацијата е скоро 100 проценти. Би прашал кој е тој што определеува која од планираните буџетски ставки ќе се реализизра а која не, и ако фалат пари од каде да се скратат. Нашето настојување при носење на буџетот е дека тој е предимензиониран се ставаат се и секакви нереални планови, ова е уште една потврда на тоа. Кога планираме ставаме се и сешто иако знаеме дека нема да се реализираат, праша Петковски.

Според Илиевска за сите капитални трошоци што ќе се раализираат се во согласност со развојната програма и годишниот план за работа.

Сепак, Општина Куманово продолжува да работи со блокирана сметка и со 37.200.000 денари месечно при што приоритет се дава на јавните претпријатија, а се останато се распределува за капитални трошоци, велат од Секторот за финансии.

Leave a Reply