Општина Куманово доби грант од 120.000 евра

Сподели со своите пријатели

Во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD), Градоначалникот Максим Димитриевски, денеска потпиша Меморандум за соработка со постојаниот координатор на ОН и постојан претставник на УНДП Луиза Винтон и претставникот на Делегацијата на ЕУ Никола Бертолини.

Програмата, финансирана од Европската унија и кофинансирана од УНДП и од општините, овозможува поддршка на проекти од јавен интерес и подобрување на општинските услуги и квалитетот на живот за жителите во општините. Посебно внимание ќе се посвети на проекти за општествена вклученост, родова еднаквост,ранливи групи, човекови права и заштита на животната средина. Вкупниот износ кој е обезбеден за програмата за пет општини (Куманово, Гостивар, Ресен,Кавадарци и Струмица) е 845.000 евра или по 120.000 евра за секоја општина.

Според меморандумот секоја од општините треба да се залага за транспрентно доделување средства на организациите на граѓанското општество и да воспостави ситем на јавни повици, каде јасно ќе бидат дефинирани критериумите врз кои ќе се избираат граѓанските организации.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец нападнат на ГП Табановце

Leave a Reply