Општина Куманово целосно блокирана!

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово е соочена со целосна блокада. Функционирањето на општината е доведено во функција откако Управата за јавни приходи и останатите институции целосно ја блокирале локалната самуправа откако била активирана каматата за долгот од пред 13 години.

Претходниот договор за овозможување пристап до одредени финансиски средства за да можат да се исплаќаат хонорари и плати, како и да се вршат сите тековни функции во општината. Меѓутоа, сега и тоа не е дозволено.

Од она што успеавме да го дознаеме е дека станува збор за блокада поради долг од над 50 милиони денари. Со слични проблеми се соочува и Општина Струмица, која е блокирана од сите страни.

Од градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски денеска добивме потврда за информацијата, но најави дека со поопсежни информации ќе излезе деновиве на прес конференција и ќе ја запознае кумановската јавност, за како што вели „сваровски иснтитуциите“ во државата.