Општина Крива Паланка на 15 декември организира отворен ден за граѓаните

Сподели со своите пријатели

Општина Крива Паланка на 15 декември од 11 до 13 часот организира отворен ден за граѓаните.

Од општината информираат дека активноста е во насока на зголемување на транспарентноста, отвореноста и достапноста, а отворениот ден е прв откако со општината раководи новиот градоначалник Борјанчо Мицевски.

Заинтересирани граѓани ќе можат своите сугестии, предлози, прашања и идеи да ги претстават пред градоначалникот и раководителите на општинските одделенија.

Општинската администрација ќе ги евидентира предлозите и иницијативите и ќе одговара на прашања од областа на урбанизмот, комуналните работи, локалниот економски развој, образованието, социјалната заштита, културата, инспекциското работење, финансиите и нормативно-правните работи, информираат од општината, повикувајќи ги граѓаните да ја искористат можноста за непосредно учество во креирањето на политиките на локалната самоуправа и во подобрување на живеењето во сите сегменти.

Извор: МИА

Loading...