Опасност од излевање на канализационата мрежа во ”Диво насеље”

Сподели со своите пријатели

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи, во текот на вчершаниот ден е одржана седница на Општинскиот кризен штаб за заштита и спасување, при што се донесени се неколку заклучоци кои се однесуваат на ревалитизација на водоводната  и фекалната мрежа во должина од 200 метри на двете улички во кои се изведувани вооружени борбени дејствија.

Loading...

Од причина што старата канализациона и водоводна мрежа на повеќе места е пробиена и искршена односно е нефункционална,  постои опасност од нивно излевање при користење, со појава на епидемии  како и други заразни болести.

Од страна на Општинскиот Кризен штаб за заштита и спасување,  донесена е препорака до градоначалникот на град Куманово за барање на средства од Влада на РМ, т.е од буџетот, за изведување  на повеќе санациони проекти на инфраструктура по местата каде се водени борбени дејства.

Leave a Reply