ООУ „Јероним Де Рада“ ќе добие Центар за ран детски развој (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Основното општинско училиште „Јероним Де Рада“ од селото Черкезе, наскоро ќе добие Центар за ран детски развој, откако денеска беше потпишан меморандум помеѓу УНИЦЕФ и Општина Куманово, а кој предвидува реконструкција на веќе постоечки објект во училиштето.

 

Loading...

 

Центарот кој ќе се простира на околу 70 квадрати ќе има капацитет за 60 дечиња од три до шестгодишна возраст, каде освен предшколска квалификација ќе добијат и дневен престој.

– Кога сме во сосотјба да имаме намален капацитет на детските градинки во Општина Куманово, заедно со нашите партнери се наоѓа начин како на оваа категорија на деца им излеземе во пресрет и им дадеме можност за предучилишна предквалификација за оваа возраст на деца. Ја користам оваа прилика да се заблагодарам на претставниците од УНИЦЕФ на директоро на училиштето, на сите оние кои учествуваа во имплементација на овој проект, директорот на градинката „Ангел Шајче“ и сите вработени во Општина Куманово кои дадоа свој допринос овој проект да отпочне со реализација, изјави градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски.

Како што рече претставникот на УНИЦЕФ, Бенџамин Перкс, истражувањата во последните две до три децении покажале дека првите неколку години од животот се најплодниот период за развој на мозокот, кога децата го усвојуваат јазикот и емотивните вештини, па затоа е потребно да се подигне степенот на предшколската возраст во земјата.

– Целта ни е во наредните пет години да го подигнеме процентот од 33 проценти на деца кои што се покриени со предшколско образование на 95 отсто. Сиромашните и руралните деца се оние кои што најрретко одат во предшколска установа и токму затоа ја избравме Општината Куманово и се надеваме дека ова ќе го прошириме во целата држава, изјави Перкс .

Покрај „Сонце“ и „Бамби“, ова ќе биде трет Центар за ран детски развој на подрачјето на Општина Куманово, вели директорката на градинката „Ангел Шајче“, Марина Алексовска

– Во овие центри имаме скратена програма што децата се опфатени осум часа, со половина час пауза, така да за овој простор ќе биде ангажиран еден воспитувач. Со овие деца работи еден воспитувач кој работи со две групи со скратено време од три часа за едната група и три часа за другата група. Има огромен интерес за детските градинки и тоа е неопходно, затоа што како што велиме првите пет се најбитни во свет, тогаш децата најмногу можат да стекнуваат знаења и навистина е штета децата од предучилишна возраст да не бидат опфатени во вакви едукативни центри, вели Марина Алексовска.

Проектот ќе чини 1,5 милиони денари, во кои со 300.000 денари финансиски учествува Општина Куманово, а останатите средства се донација од УНИЦЕФ.