ООУ „Браќа Миладиновци“ во Соколана ќе добие парно греење

Сподели со своите пријатели

Со грант од Јапонија во висина од 44.779 евра  старите ќумбиња во  Основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Куманово во Соколана  ќе бидат заменети со нов систем за греење, а ќе бидат набавени и нови прозорци. 

Во дисперзираните паралелки учениците, наставничкиот кадар и техничкиот персонал повеќе од 50 години се затоплуваа со печките кои претставуваа голем проблем, бидејќи родителите секојдневно во зимскиот период реагираа дека децата им мирисаат на чад и дека не е доволно топло. 

Програмата за мали грантови за човекова безбедност на Јапонија се спроведува  30 години во над 140 земји во светот. Грантот  е дел од Официјалната развојна помош  на Владата на Јапонија која обезбедува поддршка на земјите во нивното остварување одржлив социо-економски развој на локално ниво. Поддршката е наменета за јавни установи, како што се училишта и болници, но и други непрофитни организации.

Добитниците на грантовите за 2017 година, со имплементација во 2018 година, се 5 јавни здравствени установи и 4 општински основни училишта.

Јапонија ја спроведува програмата за мали грантови во Македонија од 1996 година, а доделената помош изнесува повеќе од 6 милиони евра. Со овие грантови, реновирани се повеќе од 60 училишта, набавена е опрема за 40 здравствени установи, а доделени се и повеќе од 20 специјализирани возила за јавните претпријатија. Во Македонија досега се доделени околу 420 милиони евра преку различни програми од Јапонија.

Leave a Reply