Оливер Спасовски се враќа на чело на МВР

Сподели со своите пријатели

Откако во текот на вчерашниот ден во Клубот на пратеници падна договорот за одржување предвремени парламентарни избори на 11 декември, значи дека во петок ќе биде формирана преодна влада која треба да ги спроведе истите.

Тоа значи дека работите ќе се вратат како и претходно, односно Оливер Спасовски од редовите на СДСМ ќе се врати на функцијата прв човек на Министерството за внатрешни работи, Фросина Ременски на чело на Министерството за труд и социјална политика, а заменици министри од редовите на СДСМ ќе има во Министерствата за финансии, земјоделство и информатичко општество.

 

Loading...