Оливер Спасовски потпретседател, Максим Димитриевски дел од ИО на СДСМ

Сподели со своите пријатели

Социјалдемократскиот сојуз вчера ги комплетираше органите на партијата на својот Централен одбор, а маѓу највисокото партиско раководство се најдоа имиња на двајца кумановци.

Новиот министер за внатрешни работи и поранешен генрален секретар на СДСМ, Оливер Спасовски доаѓа на позицијата потпретседател на партијата, заедно во друштво со Мухамед Зекири, Петре Шилегов, Благој Бочварски, Дамјан Манчевски и Фросина Ременски.

Максим Димитриевски за кој деновиве гласно се зборува низ Куманово дека е најсигурниот кандидат на партијата за нов градоначалник на општината, се најде во Извршниот одбор на СДСМ. Таму е во друштво со: Стефан Богоев, Рената Дескоска, Драган Тевдовски, Љупчо Николовски,  Ѓоко Танаскоски Петар Атанасов, Спасе Глигоров, Есра Салихи, Нина Велкова, Хари Локвенец, Дијана Ќурчиска, Тања Ковачев, Аднан Џаферовски, Маја Миленковиќ и Кети Василевска.

Во 16-члениот состав на Извршниот одбор, не само што се испочитувани статутарните одредби за застапеност на младите и жените, туку има поголем број од предвиденото, односно 6-мина млади и 7 жени.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во излагањето пред членовите на Централниот одбор истакна дека пред СДСМ како владејачка партија е уште поголемата одговорност уште попосветено и поодлучно да работи во интерес на граѓаните и на државните интереси.

Сите заедно, и во земјава и надвор од неа, докажавме дека СДСМ е столбот на државата и на државноста. Да продолжиме да работиме одговорно за граѓанските и државните интереси – порача претседателот Заев, на вечерашната седница на Централниот одбор на СДСМ.