ОК ВМРО-ДПМНЕ: Реконструкцијата на улиците ја загрозува безбедноста на учениците (фото)

Сподели со своите пријатели

Улицата „Среќко Пужаљка“ деновиве е под реконструкција, но од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека оваа улица која поминува покрај неколку стамбени згради, куќи, три училишта и една градинка е директна закана за безбедноста на граѓаните и учениците, затоа што насекаде има расфрлан градежен материјал, но и отворени шахти.

Конечно, по толку години, локалната власт предводена од СДС, покажа разбирање и се зафати со решавање на наталожените проблеми на жителите на оваа улица,. Но со решавање на едни, очигледно Зоран Дамјановски и СДС се склони кон создавање на нови уште поголеми проблеми. Во овој случај тоа е проблемот со безбедноста на граѓаните. Имено секојдневно, а посебно вчера наутро учениците и децата што одат во оваа градинка, директно беа загрозени од отворените шахти, поголеми дупки и остри остатоци од цевки и градежни алатки распослани по целата улица – вели Срѓан Ивановски, од ОК ВМРО-ДПМНЕ.

Loading...

 

Тој го праша градоначалникот Дамјановски кој ќе одговара ако некој се здобие со телесни повреди од опасностите кои демнат од реконструкцијата и зишто истата не е затворена за движење на граѓаните.

Вчера во утринските часови беше забележана и отворена шахта покрај која поминуваа ученици и деца за во градинка со своите родители. Очигледно градоначалникот не го интересира безбедноста на граѓаните, туку ако може овој гратис период што го доби до локалните избори, да го искористи за сопствена промоција, надевајќи се дека колку толку ќе го сокрие срамот од урбаното деградирање на Куманово – изјави Ивановски.

 

Тие го повикаа Дамјановски здравјето и граѓаните да ги стават на прво место.