ОК ВМРО-ДПМНЕ: Општина Куманово доцни со планови за плати на наставниците (видео)

Сподели со своите пријатели

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово денеска на прес конференција упати обвинувања до локалната власт за неисполнување на обврската да достават соодветни планови и пресметки за да се обезбедат плати за вработените во образовниот систем.

ВМРО-ДПМНЕ Куманово ја дели загриженоста со професорскиот кадар во СОУ „Перо Наков“ – Куманово, кои вчера започнаа предупредувачки протест, како и со сите вработени во училиштата од нашиот град, токму поради неисплатената плата за месец август 2016 година – рече Драган Петковски претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ.

Како што вели Петковски, откако ја слушнале информацијата останале зачудени и веднаш побарале појаснување од надлежните институции.

Добивме информација дека Општина Куманово доцни со доставување до Трезорот на соодветни планови и пресметки за исплата на плати за месец август 2016 година, иако од Министерството за финансии на неколку пати е барано навремено да се достават. овие планови се доставени дури вчера, па затоа средствата ќе бидат префрлени и платите исплатени во понеделник – потенцираше Петковски.

Тој обвини дека со години се врши притисок и манипулација со професорите од страна на градоначалникот и СДСМ, како што вели за нивна политичка инструментализација која деновиве кулуминира преку обид, за саботажа во образованиот систем.

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово ја дели загриженоста и револтот на вработените во образованието во нашиот град, и затоа ги повикуваме и охрабруваме, истите своето незадоволство да го искажат кон виновникот за нивната неисплатена плата, односно кон градоначалникот и локалната администрација во Општина Куманово – додава Драган Петковски, претседател на ОК на ВМРО – ДПМНЕ Куманово.

Тој прашува која е причината поради која не биле извршени потребните законски обврски за да навреме бидат исплатени вработените во кумановските училишта?