ОК ВМРО-ДПМНЕ: Локалната власт не води грижа за урбаните средини (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово денеска на прес конференција упати обвинувања до локалната власт дека не води грижа за урбаните средини во градот каде децата треба да спортуваат, а како конкретен пример го посочија малиот парк зад економското училиште.

Она што денеска може да го видиме во една од најурбаните средини на нашиот град е една срамна слика за она што требаше да претставува убаво уредено зеленило со забавни и рекреативни содржини за жителите од овој дел на градoт.На сите страни ѓубре,руини а некогашното место за одмор сега е обраснато со вегетација помешана со секаков смет и оставено на забот на времето – вели Анета Шандева Доневска, ОК ВМРО-ДПМНЕ Куманово.

5151bfd

Loading...

 

Како што посочи Шандева Доневска, на ова место граѓаните уште одамна требало слободно да се одмараат и да уживаат во едно од последните зелени простори во централното градско подрачје.

Кои се причините што локалното претпријатите  со години не презема ништо за да го уреди овој простор?Дали и ова место се чува за една од квази-еколошките акции  на СДСМ  со цел да се сокрие повеќегодишното неработење на локалната власт?Пред неколку дена излеговте со паролата “Човекот пред се”. Ова запуштено место како и многуте други Ве демантираат и ја покажуваат  вистинската слика за вашиот однос и ‘’почит’’ кон граѓаните на општина  Куманово – додава Шандева Доневска.

88bf8db

 

Како што посочија од партијата време е локалната власт и Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ да се преземат мерки и да го уредат овој простор.