ОК ВМРО-ДПМНЕ Куманово прес конференција закажа за утре

Сподели со своите пријатели

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово првин закажа прес конференција за 22 часот, па ја откажа со коментар дека се уште ги анализираат резултатите од гласачките места и свој коментар ќе дадат во текот на утрешниот ден.

Додека СДСМ славеше на градскиот плоштад во Куманово, на педесетина метри од таму, во штабот на ВМРО-ДПМНЕ владееше тивка атмосфера, мал дел од членството беше тука, но расположението не беше на видно ниво.

Според резултатите обработени во 23 часот СДСМ има 54,12% од гласовите, а ВМРО-ДПМНЕ 32%, но од само процесирани 28,7 избирачки места.