ОК ВМРО-ДПМНЕ: Каде се автобуските постојки во Куманово кои ги ветуваше Дамјановски? (видео)

Сподели со своите пријатели

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово денеска на прес конференција одржана во центарот на Куманово, спроти Здравствениот дом каде се наоѓаат автобуските постојки повторно алармираа за катастрофалната состојба на постојките за кои, како што велат Дамјановски дал ветување дека ќе бидат направени.

 

Loading...

 

Како што истакна портпаротол на локалниот партиски огранок, Срѓан Ивановски неработењето на градоначалникот Дамјановски и екипата роднидни и пријатели.

Во сите европски метрополи, градскиот превоз како и целата урбана опрема говори за културата и одговорноста на власта. За жал, во Куманово тоа не е случај. Граѓаните прашуваат каде се ветените проекти, проширување на булеварите, тротоарите и нова канализација. Каде се и автобуските постојки кои низ годините се провлекуваат како ветување, а реализација за нив нема. Граѓаните секојдневно се соочуваат со проблеми во сообраќајот, како и во користење на градскиот превоз. Куманово и граѓаните заслужуваат нови постојки и нов лик во градот. Приморани се да при поголемо сонце, дожд и ветер чекајќи го градскиот превоз кој понекогаш доцни, се засолнуваат во околните продавници. Незадоволни се и корисниците и сопствениците на околните трговски локали – вели Срѓан Ивановски, ОК ВМРО-ДПМНЕ Куманово.

 

Според Ивановски, градоначалникот нема дадено отчет пред граѓаните, затоа што нема што да каже. Ветеното за локалните избори, според Ивановски е само празно ветување на хартија.