ОК ВМРО-ДПМНЕ го повика Народниот правобранител да го расветли случајот со директорот Димитријевиќ

Сподели со своите пријатели

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово денеска преку прес конференција повторно упати апел што побрзо да се расветли случајот со скандалот поврзан со директорот на СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ со поврзаните фотографии со експлицитна содржина.

Како што вели Злата Божиновска од ОК ВМРО-ДПМНЕ, запрепастени се од однесувањето на градоначалникот кој не презема мерки за расветлување на скандалот.

Речиси две недели како граѓаните на Куманово чекаат разрешница на овој немил настан кој длабоко ги вознемири сите. Запрепастени сме и од рекаицјата на градоначалникот, кој наместо да осуди и разреши директорот го штити и го остава се уште да ја извршува функцијата директор во образовна институција во која се едуцираат нашите деца.  Повикани се сите институции, реакција за жал се уште нема, ниту дека е отпочната постапка против директорот, ниту дека во блиска иднина ќе почне. Ниту пак е свикана вонредна седница на Советот на Општина Куманово, која беше побара од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија. Го повикуваме уште еднаш Народниот правобранител да си ги засука ракавите и да го расчисти случајот – рече Божиновска.

Како што додаде таа училиштето е поим за квалитетен кадар и не треба да се дозволи Дамјановски и негови контроверзии да го нарушуваат образовниот процес на учениците.

Инаку првиот човек на Општина Куманово денеска само кратко истакна дека се очекува во текот на денешнот ден конечна разврска на случајот.