ОК ВМРО-ДПМНЕ: Договорот за зимско одржување на улиците е потпишан пред 5 дена

Сподели со своите пријатели

По вчерашниот прес, членовите на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно со обвинувања на сметка на локалната власт и градоначалникот Зоран Дамјановски за лошо исчистените улици во градот.

Она што многу зборува за неодговорноста на Дамјановски е фактот дека Општина Куманово пред пет дена, склучила договор за зимско одржување на улиците во вредност од 489.569 евра.

Договорот е потпишан со Друштво за градежништво, проектирање и трговија КАТ-ИНГ ГРАДБА ДОО Скопје и е во износ од  13.978.716 денари или 226 927евра, и со фирмата “Друштво за производство, градежништво, трговија и услуги “КООП ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ Куманово” во вредност од 16.178.720 денари или 262 641 евра. Револтирани од ваквото неодговорно однесување на локалната власт би сакале да прашаме како е можно господине Дамјановски толку доцна, поточно на 5-ти јануари, во сред зима да потпишувате договор за чистење на снегот? Вчера спомнавте дека екипи работеле на терен, и дека има околу 280 километри кои треба да се исчистат. Како и до кога планирате да ги исчистите  улиците, ако се знае дека еве веќе 6-ти ден, речиси ништо не е чисто по градот? Барате трпение од граѓаните а уште одамна трпението е при крај за многу проблеми во градот кои вешто ги прикривате и не ги решавате – рече Злата Божиновска, ОК ВМРО-ДПМНЕ Куманово.

Општинскиот комитет ги повика надлежните заедно со Дамјановски да не бараат изговори, туку да преземат мерки за чистење на улиците затоа штоа граѓаните, како што велат, свесно ги изложуваат на ризик.