ОК ВМРО-ДПМНЕ: Дамјановски не дава отчет пред граѓаните каде се трошат парите (видео)

Сподели со своите пријатели

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово денеска на прес конференција укажаа до градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски дека не дава отчет пред граѓаните за тоа каде се трошат нивните пари.

 Граѓаните ги прочитаа нивните лаги и манипулации. Дамјановски и СДС во Куманово 12 години се на власт и за целиот тој период на нивното владеење не се оправдаа пред граѓаните каде и како се трошат народните пари, што е направено со нив, а што допрва ќе се инвестира. Дамјановски не излезе со отчет и не кажа кои проекти ги има направено од програмата, на кој проект е највеќе горд и од кој проект граѓаните имаат највеќе корист – рече Срѓан Ивановски од ОК ВМРО-ДПМНЕ Куманово.

Loading...

 

Како што потенцираше Ивановски, во 12те години владеење СДСМ и Дамјановски имале на располагање буџетски средства од 15 милијарди денари, но обвинува дека истите се потрошени по ресторани и одмори со службени возила.

За 12 години владеење на СДС и Дамјановски потрошија буџет од околу 15 милијарди денари, народни пари кои ги трошат по скапи ресторани, одмори со службени возила и слично. Доколку беа малку одговорни и принципиелни ќе се реализираа нешто од програмата и ќе им останеше и за нови непредвидени проекти. Градот стагнира и назадува од секој аспект. Граѓаните гневни веќе прашуваат каде одат нивните пари, кога не гледаат ништо ново да се гради низ Куманово. Колегите на Дамјановски од другите градови имаат годишни отчети на стотици страници реализирани капитални проекти во нивните општини. За жал, тоа во Куманово не е пракса – додаде Ивановски.

Според Ивановски, тоа што Дамјановски не направил отчет е затоа што со јавните претпријатија нема со што да се пофали.