ОК на ВМРО ДПМНЕ Куманово објави партиско соопштение за јавноста

Сподели со своите пријатели

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово предмалку излезе со партиско соопштение за јавноста во кое како што стои истакнато, не се нималку не е изненадени затоа што двоецот Дамјановски – Димитриевски не знаат каде се широките улици и булевари, автобуски постојки и возниот ред на нив, ниту пак ќе се изненади, доколку двоецот и во иднина одговори со незнаење и празна реторика на конкретно поставени прашања и дилеми за локалните проблеми коишто од година в година се натрупуваат, без соодветно решение.

Соопштението го пренесуваме интегрално:

Додека Градоначалникот се занимава со разбирање на концепти, пронаоѓање на суспектности и бирање на референтни соговорници, а првиот помеѓу советниците – со бркање „криминалци“, граѓаните сè појасно сфаќаат дека и во почетокот на 12-тата година од управувањето со градот, овие луѓе и нивната партија воопшто НЕМААТ КОНЦЕПТ за напреден и оддржлив развој на градот и општината во целина!

Почитуван Дамјановски и почитуван Димитриевски,

Без оглед на тоа, колку минути или колку реда ќе одземете од медиумскиот простор давајќи им совети на новинарите, правдајќи го вашиот неуспех и глумејќи демократичност без маана, пред кумановците не можете да ја скриете хаотичната слика во која тоне Куманово!

Политиката којашто ви ја диригира партиската централа за безидејноста, хаосот и немањето оддржилив концепт да ја обвините ВМРО-ДПМНЕ и наводната „неподдршка“ од државните институции е политика на пропаѓање и уназадување и истата не може да ја скрие вашата неспособност!

Впрочем, СДСМ е партијата којашто континуирано, веќе година и пол, ги подрива институциите кои наводно не ви даваат помош и ве опструираат за да може во наметната политичка криза да пронаоѓа изговори за посакуваната, а недобиената доверба од граѓаните.

Почитуван Дамјановски и почитуван Димитриевски,

Времето тече! Претставите на седниците на Советот со долгите и промотивни говори, замајувањето на јавноста со празна реторика и неоснованите обвинувања нема да  ве спасат од претстојната дебата со граѓаните. Истите оние граѓани кои што 12 години бараа решенија и отчет. И не ги добија!