ОК на ВМРО-ДПМНЕ: Јавното обвинителство да го испита работењето на Општина Куманово (видео)

Сподели со своите пријатели

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово денеска на прес конференција повторно го повика Јавното обвинителство да го испита работењето на Општина Куманово поради, како што истакнаа, сомнежот дека во општината се случува огромен грабеж.

Според информациите со кои арсполагаме и поради кои се сомневаме се прашуваме зарем за Дамјановски и за СДСМ е нормално една дестинација да биде 1.029 пати поскапа во споредба со слична во Општина Битола. Ако Општина Битола и градоначалникот Владе Талески организирале превоз за дестинација Битола – Лавци во должина од 3,2 километри и цената поединечно по ученик изнесува 12,18 денари, додека Општина Куманово и граодначалникот Зоран Дамјановски организирале превоз на ученици на дестинација Спомен Костурница – ООУ „11ти Октомври“ и обратно во должина од 2,2 километри и цената на ученици поединечно изнесува застрашувачки 12.545 денари – вели Марио Цветковски, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Куманово.

Цветковски вели дека ова се енормни суми, но дека за жал овие информации биле вистинити. Според ВМРО-ДПМНЕ, парите на граѓаните наместо за инфраструктурни проблеми завршувале во приватни фирми.

Го повикуваме Јавното обвинителство да го испита работењето на Општина Куманово и да ги провери сомнежите за криминал во случајот со исплата на огромни суми за превоз на ученици, проследени со прекршување на законот и воведување на други услуги со цел нерелано зголемување на цените – додава Цветковски.

Инаку минатата недела Дамјановски истакна дека превозот на ученици се одвива според сите законски процедури и дека цената не изнесува илјадници денари по километар, туку 5,1 денар по ученик и дека финансиската полиција ги презела сите документи уште пред еден месец.

[wpdevart_like_box profile_id=”1414421878780055″ connections=”show” width=”300″ height=”550″ header=”big” cover_photo=”show” locale=”en_US”]

Loading...