Ограбени четири цркви во демирхисарско

Сподели со своите пријатели

Во периодот од 20 до 24.03.2017 година во четири цркви во демирхисарско непознат/и сторител/и извршил/е три тешки кражба и една кражба, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во селото Света, во храмот  „Св.Пантелејмон“ сторителот со камен го искршил стаклото од влезната врата, влегол внатре и од бирото за продажба на свеќи  одзел 400 денари во разни апоени. Потоа, во храмот „Св.Петка“ сторителот со подесен алат насилно ја отворил влезната врата, влегол внатре и од иконите одзел 300 денари во разни апоени.

Во село Вардино, во црквата „Св.Константин и Елена“ сторителот, низ незаклучената влезна врата, влегол внатре и од иконите одзел околу 500 денари во разни апоени. Потоа со употреба на подесен алат го скршил катанецот на вратата од металната каса и од неа одзел околу 9.000 денари во разни апоени.

Во село Граиште, во црквата „Св.Маченик Леонтиј“ сторителот, низ незаклучената врата,  влегол внатре и од иконите и масата за продажба на свеќи одзел околу 500 денари во разни апоени.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот/ите и за целосно расчистување на случаите, стои во билтенот на МВР.