Одобрени средствата од ИПА 2 за реконструкција на патот Куманово – Ранковце

Сподели со своите пријатели

Секторската оперативна програма за транспорт 2014-2020, во рамките на ИПА 2 програмата е ревидирана и одобрена.  Преку оваа програма  обезбедени се 127,2 милиони евра, од кои 108,1 милион евра се средства од ИПА 2 програмата, а 19,1 милион евра се средства од Буџетот на Република Македонија.

Средствата се наменети за реализација на проекти во секторот Железници, во  секторот  Патишта и за техничка помош.

Во секторот Железници алоцирани се 71,5 милиони евра и истите ќе бидат искористени за изградба на дел од третата фаза на пругата кон Бугарија, делница Крива Паланка – граничен премин Деве Баир.

Во секторот Патишта обезбедени се 48,7 милиони евра кои се наменети за:

– Изградба на втората фаза од експресниот пат Градско – Прилеп, делница Градско – Дреново;

– Реконструкција на делница Куманово – Ранковце;

– Изградба на трета лента на патен правец Градско – Прилеп, делница Плетвар;

– Замена на заштитни огради на автопатот на Коридор 10, во должина од 100 километри.

За техничка помош обезбедени се 7 милиони евра, овие средства ќе се искористат за изработка на проектни документации за:

– Изградба на велосипедски патеки во општините Скопје, Тетово, Штип и Охрид;

– Замена на сигнализација на железничките премини

– Изградба на мултимодален јазол во Трубарево;

Владата на Република Македонија е силно посветена на реализација на капиталните проекти и споведување на реформи во секторот Транспорт со кои се очекува да се забрза економскиот раст на земјата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над 93.000 лица утре со право на глас во Куманово

Leave a Reply