Одлуката за аболиција на политички криминалци ги крена граѓаните на протести (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Претседателот Ѓорѓе Иванов во текот на вчерашниот ден на прес конференција соопшти дека сите политичари во земјава ќе добијат аболиција за претистражните постапки кои се водат против нив, како и помилување  за едно лице веќе осудено.

Тој напомена аболиција за сите оние против кои се поднесени кривични пријави, но според правните експерти не може да се врши аболиција врз основа на поднесена кривична пријава, додека не започне судска постапка.

 

Loading...

 

Вавите одлуки на Иванов ги кренаа на нозе граѓаните кои масовно излегоа на протести. Додека спонтано се организираа пред канцеларијата на претседателот во центарот на Скопје, нивниот број константно растеше и околу две илјади протестанти со јајца го унакажаа изгледот на објектот. Потоа продолжија кон седиштето на ВМРО-ДПМНЕ каде голем кордон од припадниците на ЕБР ги спречија да се приближат до зградата, со што се упатија кон Владата, а од таму пак кон седиштето на владејачката гарнитура.

 

 

Во меѓувреме автобуси истовараа протестанти пред седиштето на опозицијата, кои протестираа поради одлуката опозициските политичари да бидат аболицирани.

 

protestsdsm

Loading...

 

Според првичните проценки направена е материјална штета на неколку објкети, а медиумите блиски до власта јавија дека новинар на телевизијата Нова е повреден во протестите.

Ваквиот потег на претседателот го доведува во прашање работењето на Специјалното јавно обвинителство, од каде за денес се очекува реакција.

Осуди за одлуката на Иванов пристигнаа од скоро сите политички субјкети во државата. Итна средба со него побарале амбасадорите на ЕУ и САД, но тој ги одбил, додека Груевски не се појави на претходно закажаната средба со претседателката на Хрватска и претседателот на Словенија.

На протестот се приклучи и лидерот на опозицијата Зоран Заев.

фото: Нова Тв и Телма
видео: Нова Тв и а1он