Одложено судењето Цветковски – Заев (фото)

Сподели со своите пријатели

Се одложи рочиштето во Основниот суд Куманово, против претседателот на СДСМ Зоран Заев, претседателот на општинската организација на СДСМ Мартин Костовски и партијата СДСМ, како правно лице кои по приватна тужба на генералниот секретар на ГРОМ и поранешен висок функционер на СДСМ, Виктор Цветковски, се тужени за објавување на прислушуваните разговори во бомбите.

Зоран Заев не дојде во Основниот Суд во Куманово, дојде само Мартин Костовски, тој кажа дека поради неодложна работа на нивниот бранител Мирослав Вуиќ, кој е претставник на СДСМ во ДИК, рочиштето ќе биде одложено.

Судијата која го води судскиот процес , Маја Денковска кажа дека има можност со давање на исказ на Костовски, а во отсуство на останатите обвинети да се одржи рочиштето или да се одложи по што одбраната на приватниот тужител побара во интерес на постапката да се одложи рочиштето.

Како приватен тужител имам за цел за воља на вистината да докажеме кои беа мотивите и да ставиме крај на тоа да некој за политички поени објавува приватни разговори , и да прават дискредитација на личности. Ние го прифативме терминот после изборите но обвинетите Заев и Дамчевски како претставник на СДСМ не се појавија – изјави Виктор Цветковски.

Тој ги тужи , обвинетите за објавување на разговорите меѓу него и поранешната министерка Гордана Јанкуловска каде се договараат за обезбедување гласови на ВМРО-ДПМНЕ меѓу двата круга на локалните избори во 2013 година во Куманово.

На прашањето доколку бидат осудени каква ќе биде казната, Цветковски кажа дека не сака да шпекулира.

Тоа дело е сторено од нив и не е негирано, а казната ќе ја мери судот , законот е јасен , освен за правно лице кое ќе сноси само парична казна за физички лица следува и казна затвор- истакна Цветковски. Наредното рочиште е закажано за јануари 2017.