Излезеноста до 10 часот според податоците на Општинската изборна комисија од Старо Нагоричане, е 10,4 отсто.
Од Комисијата соопштија дека гласањето се одвива тековно. Во оваа општина право на глас имаат 3.428 граѓани кои гласаат на 37 избирачки места.
– И гласањето во општина Липково, се одвива непречено, информираше претседателот на ОИК, од таа општина, Лирим Шабани.
Додаде дека до 10 часот, одѕивот е 5,39 проценти. Во Липково право на глас имаат 25.070 граѓани кои гласаат на 36 избирачки места.
Извор: МИА
Loading...