Одбојкарките на СВСК во плеј-оф го пречекуваат составот на Македонија Макс

Сподели со своите пријатели

Женскиот одбојкарски клуб Сити Волеј Славков и Куманово го заврши регуларниот дел од првенството во Сениорска лига за дами минатиот викенд со победа од 3:0 над Пелистер Волеј, освојувајќи го второто место на табелата во конечниот пласман.

Веќе утре започнува Play-off фазата на оваа натпреварување. На домашен терен во спортската сала на СОУ „Перо Наков“ со почеток во 12:00 часот гостува третопласирана екипа од првенството ОК Македонија Макс од Струмица.

Серијата за пласман во финале и борба за шампионска титула се игра во две победи.