Одбојкарките на СВСК утре го играат првиот финален меч

Сподели со своите пријатели

Одбојкарките на Сити Волеј Славков и Куманово по успешната победа врз составот на Македонија Макс од Струмица од утре ќе се бори за шампионската титула против екипата на Јанта Волеј од Скопје.

Финалето ќе се игра во три или пет натпревари зависно која од екипите прва ќе обезбеди серија од три победи. Иако минатогодишниот шампион Јанта Волеј и годинава има фаворитска улога од СВСК се надеваат на добар пласман со оглед дека одбојкарките се во одлична форма и добра мотиви, раност.

Оваа сезона игравме два натпревари против нив, за жал и во двата натпревари имаме негативен резултат, сепак знаете купот е еден натпревар, а финале каде посебен навој на одредени играчи, кај што психолошката спремност и искуство посебно играат улога, така да се надеваме дека нашите девојки, помладит еќе дадат посебен импулс и напор, овие поискусните ќе ја поведат екипата, така да тоа што оваа сезона што изгубивме два пати нема да значи ништо на утрешниот натпревар, ќе дадеме се од себе и да се надеваме дека ќе направиме добар резултат и во Куманово ќе донесеме добра резултатска позитива од одбојката – изјави Денис Вујадиновиќ, член на Управата на ОК СВСК.

Клубовите Куманово и Сити Волеј Славков почетокот на сезоната ги здружија силите во заеднички нов клуб, што се покажа како одлична идеја со оглед на позитивните резултати кои ги постигнаа од почетокот на натпреварувањата.

Едноставно ниту финансиски, ниту логисички еден од двата клуба не можеше да опстои во овој начин на натпреварување, не се само сениорки, тука се нашите кадетки кои се меѓу четири најдобри младинки и минатиот викенд остварија второ место во државата, така да во сите елементи најдовме начин и можност да се вклопиме едни со други и да се надополнуваме. Во сениорска конкуренција поискусните играчи од Скопје ја носат играта, но нашите се тука кога е најпотребно, многу допринесуваат во играта. Логистички од страна на Куманово, повеќе влечеме, нашата сала, нашата организација, превоз. Апсолутно оваа сезона не ни доаѓа на памет да зажалиме што се споивме со екипата од Скопје и се надеваме и на резултати – додава Вујадиновиќ.

Што се однесува до финансиската страна на клубот, Вујадиновиќ вели дека иако веќе шест години се дел од Општинскиот сојуз на спортови не добиваат парични средства, туку само логистичка поддршка во вид на обезбедена спортска сала и превоз за одбојкарките.

Знаеме дека сите спортови и клубови и во градот и пошироко се соочени со таква ситуација, така да ние не притискаме, тоа што можеме од каде можеме собираме средства, тоа што можеме, најотворено поголем дел се од нашите џебови, волонтери сме, не земаме плата, не земаме никакви надомести ниту нив ниту девојчињата, но задоволство е да се каже дека се натпреваруваме во финале на плеј оф и финале на Купот на Македонија – рече Вујадиновиќ.

Во недела Сити Волеј Славков Куманово го одигра и финалето во младинска категорија при што го освои првиот сребрен трофеј сезонава.