Одбојкарките на СВСК го пречекуваат составот на Македонија Макс

Сподели со своите пријатели

Втора недела по ред Одбојкарскиот клуб Сити Волеј Славков и Куманово е домаќин на натпреварите од Сениорска лига за жени. Утре со почеток во 16:40 часот се игра натпреварот против екипата на Македонија Макс.

По успешниот минат викенд во кој кумановки остварија победа против ОК Пелистер Волеј од Битола со резултат 3:0 (25:13, 25:19 , 25:17 ) и оваа сабота се очекуваат нови три бода на домашниот терен.

– Противник е екипата на ОК Македонија Макс, и со оглед дека нивниот помладен состав се уште нема земено ниту сет и ниту во еден од изминатите натпревари не беше на реноме на оваа екипа од изминатите сезони, се очекува победа и ново искачување на табелата. После два пораза во првите две кола, екипата пред се играчки се стабилизира и оствари три последователни победи и со освоени 9 бода е на петто место, изјави Дејан Вујадиновиќ, тренер на ОК Македонија Макс.

Натпреварот ќе се одигра во салата на СОУ Перо Наков со почеток во 16:30. Влез слободен.