Одбојкарките на СВСК го пречекуваат Наковски Волеј

Сподели со своите пријатели

Одбојкарките на Сити Волеј Славков Куманово утре со почеток во 12 часот го пречекуваат составот на Наковски Волеј од Струмица во рамките на 10 коло од Сениорската државна одбојкарска лига за жени.

Претходно во рамките на деветотто коло од лигата, одбојкарките на СВСК остварија убедлива победа на гостувањето против составот на Универзитет Тетово со резултат 75:46.

Спојувањето на скопскиот и кумановскиот тим сезонава се покажа како полн погодок особено ако се земе в предвид фактот дека од 9 одиграни меча одбојкарките на СВСК се второпозиционирани во табелата со вкупно 7 победи.