Одбојкарките на СВСК го пречекуваат Јанта Волеј

Сподели со своите пријатели

Одбојкарките на Сити Волеј Славков и Куманово утревечер со почеток во 19 часот го играат вториот натрепвар во финалето на плеј оф завршница од Сениорската државна лига за дами против екипата на Јанта Волеј.

Во првиот натрепвар составот на Јанта Волеј обезбеди победа со резултат 3:0 во сетови, а за утре со оглед на домашната сцена очекуваат и поддршка од домашната публика и триумф во мечот.

Ги повикуваме сите љубители на спортот и одбојката, да дојдат во салата на СЕУ Перо Наков и да го подржат нашиот тим во прва победа во оваа финална серија. На нашиот тим му е потребна Вашата поддршка за да се направи прв чекор кон освојување на титулата во одбојкарското првенство за дами!

Златниот пехар ќе го подигнат оние одбојкарки кои први ќе обезбедат три победи за својот тим.