Одбојкарките на СВС и Куманово со прва победа во финалето (фото)

Сподели со своите пријатели

Со резултат 3:2 во сетови одбојкарките на Сити Волеј Славков и Куманово ја впишаа првата победа против составот на Јанта Волеј од Скопје во борбата за шампионската титула во рамките на сениорската одбојкарска женска лига.

 

Loading...

 

По цели 2 часа и 35 минути борба на теренот во Спортската сала на СОУ „Перо Наков“ и крајно неизвесен натпревар одбојкарките на СВСК покажаа дека нема лесно да се откажат од трофејот оваа сезона.

 

 

Поен за поен, без поголема резултатска предност за ниту една од екипите се играа вкупно пет сетови. Екипата на Јанта Волеј достигна до 2:0 предност во сетовите, но одлучноста и мотивираноста на домашната екипа ги внесе во ритам и направија одлична серија од сервис и блок, па го добија третиот сет со 25:19. Гостинките успешно се вратија во ритам па неизвесноста беше присутна се до 4-от сет каде одбојкарките ан СВСК со успешен блок и напад го освојиа овој дел од натпреварот со 26:24.

 

Loading...

 

Петиот сет – таканаречен тај-брејк подобро го отвори гостинскиот состав со 2:0, но потоа домашната екипа ја презеде контролата над играта и резултатот, па заслужено се врати од резултатската негатива.

 

На првиот одигран меч Јанта Волеј обезеди победа со 3:0 во сетови, но борбата на кумановки продолжува. Пехарот ќе го подигнат одбојкарките на екипата која прва ќе обезбеди три победи во финалните натпревари.