Одбојкарките на Куманово ја преземаа лидерската позиција во лигата

Сподели со своите пријатели

По победата на ОК Бами Кор на гостување во Тетово со максимални 3:0 во сетови, Одбојкарскиот клуб Куманово ја превзема лидерската позиција во домашното првенство во одбојка за жени.

Самиот натпревар беше неизвесен само во првиот сет, каде домаќинот, носен од публиката, водеше до крајот на сетот (22:18) но со серија од 6:0 во поени екипата на ОК Куманово успеа да дојде до првиот сетот. Ова се покажа како клучен момент, бидејќи во вториот и третиот сет кумановски беа во константна резултатска предност што даде можност стручниот штаб да им даде можност на сите одбојкарки во составот да дадат придонес во победата.

Leave a Reply