Одбиен предлогот бегалците да имаат директна линија Гевгелија – Прешево

Сподели со своите пријатели

Во просториите на ПЦ Табановце, во текот на вчерашниот ден, по одржаниот состанок на претставници на координативното тело за справување со бегалската криза и Центарот за управување со кризи, било дискутирано и за планот за проширување на прифатниот центар, се вели во дневниот извештај на РЦУК.

На истиот состанок, не е прифатен предлогот за патување на бегалците со воз директно од Гевгелија до Прешево, односно, нивниот транспорт засега останува непроменет, со тоа што бегалците ќе мора да се симнат на железничкиот премин, и оттука пеш да се упатат на српска страна.

Полицијата како што информира РЦУК, во текот на вчерашниот ден на ПЦ Табановце донела 13 мигранти, од кои 10 мажи и три жени, кои по сослушување од полицијата се сместени во бараките на центарот.

Мигрантите за денес како што стои во извештајот ќе бидат вратени за Гевгелија.