Одбележување на Bаталјонот за почести при АРМ

Сподели со своите пријатели

Со едночасовен концерт на кој воениот оркестар ќе изведе повеќе композиции од својот репертоар, како и други содржини во изведба на гардистите, денеска во Домот на АРМ ќе биде одбележан Денот на баталјонот за почести при АРМ.

Од Армијата информираат дека на прославата покрај началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, генерал-потполковник Методија Величковски, ќе присуствуваат и генерали од АРМ, команданти на единиците на АРМ, фамилии на припадниците на баталјонот за почести и други гости.

Со одлука на Претседателот на Република Македонија за определување на денови на единиците на Армијата на Република Македонија, за Ден на баталјонот за почести е определен 11 Ноември во спомен на традициите на Првата македонско-косовска ударна бригада која е формирана на овој ден 1943 година во селото Сливово.

Извор: МИА

Loading...