Од вечерва дестабилизација на временските услови и врнежи

Сподели со своите пријатели

Врмето денеска ќе биде сончево и топло, со умерена облачност. Кон крајот на денот во северните делови ќе има зголемување на облачноста со услови за краткотраен локален дожд и ретки грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималните температури ќе се движат од 10 до 18 степени, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 28 до 35 степени целзиусови. Вредноста на УВ инексот ќе изнесува 7.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево време со умерена облачност и умерен северн ветер. Максималната дневна температура ќе достигне до 30 степени целзиусови, а дожд не се очекува ниту во вечерните часови, кога температурата ќе изнесува 13 степени и ќе зпаочне благо наоблачување.

Во четврток ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, на места ќе има услови за невреме проследено со силен ветери и појава на град. Нестабилноста ќе биде повеќе изразена во јужните и источните делови на земјата.

Во петок и за време на викендот се очекува постепено стабилизирање на атмосферата.