Од утре постепен пораст на температурите

loading...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен северен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Попладне во западните делови можен е краткотраен локален дожд. Минималните температури ќе се движат од 5 до 15 степени, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 22 до 28 степени. УВ индексот ќе има коефициент 6.

Во Куманово и околината денеска ќе преовладува сончево до умерено облачно и посвежо време. Ќе дува слаб северен ветер, а максималната дневна температура ќе изнесува 23 степени целзиусови. Во текот на ноќта и утрото истата ќе се спушти до шестиот степен.

Од среда следува период на стабилно време со свежи утра, а дневната температури ќе биде во постепен пораст. Исклучок е сабота кога ќе има услови за локален дожд.

 


Последни наслови

Facebook Comments