Од утре очекувајте „сибирски“ температури

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде облачно, ветровите и студено со повремен локален снег со послаб интензитет споредбено со вчерашниот ден, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Врнежите во текот на попладневните часови ќе престануваа, ќе дува умерен до засилен северен ветер, на моменти на места со брзина до 80 км/час. Дневната температура ќе биде во интервал од -4 до 2 степени целзиусови.

Што се однесува до околината на Куманово, во текот на денот температурата нема да излезе во позитива, односно, максималната дневна ќе остане на вредноста од -1 степен, исто колку што изнесуваше и минималната температура измерена во Куманово утринава. Во текот на ноќта температурата ќе се спушти до -8 степени целзиусови. Ќе дува северен ветер со брзина и над 20 километри на час во текот на денот и ќе има слаби услови за врнежи од снег.

Од утре се очекува стабилизирање со значително пониски температури на воздухот. Најстудено ќе биде во вторник и среда наутро кога на повеќе места температурата ќе се спушти под -15 степени, предупредуваат од УХМР.