Од понеделник нови врнежи од снег

Сподели со своите пријатели

Во поголемиот дел од земјата времето утринава беше облачно и студено, само на североисток има умерена облачност. Во струмичката котлина има ниска облачност и појава на слаба магла. Дува слаб ветер претежно од северен правец.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи во текот на денот ќе имаме променливо облачно време, попладне со сончеви периоди особено во западните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Највисоката температура на воздухот ќе биде во интервалот од 0 до 4 степени.

Во куманово и околината денес ќе имаме сончево до умерено облачно време со максимална дневна температура околу нулата, а ќе дува умерен северен односно северозападен ветер. Минималната температура во текот на ноќта ќе се спушти и до -9 степени целзиусови.

За време на викендот времето ќе биде стабилно, а утринските температури ќе бидат во опаѓање и насекаде под нулата. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Нови врнежи од снег и дожд се очекуваат од понеделник во вечерните и ноќните часови и во вторник, но ќе бидат локални и со послаб интензитет.