Од ноќеска поинтензивни врнежи од дожд

Сподели со своите пријатели

Под влијание на циклон од Медитеранот во текот на ноќта во Македонија се очекуваат поинтензивни врнежи од дожд кои од запад ќе се прошируваат кон исток.

УХРМ соопшти дека врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет ќе има и утре во текот на денот. Локално тие ќе бидат пообилни и понекаде ќе наврнат и до 25 литри на метар квадратен, особено во западните и југоисточните делови. Во овие региони можна е и ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Во следните два дена ќе има преодно стабилизирање на времето.

Извор: МИА

Loading...