Од денес продолжуваат интензивните снежни врнежи

Сподели со своите пријатели

Облачно и студено, во поголем дел од земјата со врнежи од снег започна оваа работна недела. Без врнежи е само во североисточниот дел од земјата, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во текот на денот времето ќе бие претежно облачно и студено со повремени врнежи од снег, особено во западните и јужните делови. Ќе дува слаб а во западните делови повремено умерен источен ветер.  Максималната температура ќе се движи од -2 до 3 степени.

Во Куманово и околината денес ќе имаме облачно време со врнежи од снег и слаби налети на источен и северостичен ветер. Максималната дневна температура ќе достигне 1 степен. Врнежите од снег ќе продолжат и во текот на ноќта кога температурата ќе се спушти четири степени под нулата.

Од денес нашето подрачје ќе биде под влијание на влажна и постудена воздушна маса која во наредните денови ќе предизвика претежно облачно и постудено време со повремени врнежи од снег. Врнежите ќе бидат со променлив интензитет, а повеќе ќе бидат застапени во западните и јужните делови. Пообилни врнежи се очекуваат во среда кон крајот на денот и во текот на ноќта кон четврток, особено во јужните делови. Овие врнежи ќе предизвикаат зголемување на снежната покривка на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе биде без поголеми промени и ќе биде во интервал од -3 до 4 степени.

Од петок се очекува стабилно и суво време со благ пораст на дневната температура