Од денес до крајот неделата: Дожд, грмежи и ветер

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен северен ветер. На места врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи, а поинтензивни процеси со пообилни врнежи ќе има во јужните делови од земјава. Кон крајот на денот времето ќе се стабилизира. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 27 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со услови за врнежи и грмежи. Ќе дува силен северен ветер кој на моменти ќе достигнува и брзина над 50 километри на час. Максималната дневна температура ќе изнесува 20 степени.

Во наредните денови подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на влажни воздушни бранови што ќе предизвика времето да биде променливо облачно и нестабилно, со повремени врнежи од дожд, наместа проследени со грмежи.

Утре врнежите ќе бидат локални и послаби, а повеќе врнежи ќе има од вторник до четврток. Најинтензивни процеси, локално и во форма на невреме се очекува да има во вторник.

Од среда ќе биде и посвежо, а од четврток ќе дува и засилен северен ветер.