Од 100.000 ножеви со кои се убиени луѓе направил статуа „Ангел на смртта“ (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Уметникот Алфи Бредли ја напуштила работата како градежник и се посветил на несекојдневен проект – решил да направи скулптура од крвави ножеви кои биле користени во бројни убиства во Велика Британија.

Скулптурата ја нарекол „Ангел на смртта“ и таа во себе содржи повеќе од 100.000 ножеви, кои биле користени во бројни убиства.

Loading...

Ножевите обично биле донирани од семејствата чии блиски членови биле убиени со нив.

Целта на овој уметник е да привлече внимание за се поголемиот број на злочини и убиства во кои се користат ножеви. Оваа ладно оружје само од 2015 до 2016 година во Велика Британија било користено во 37‘ од убиствата.

– Секој ден во весниците гледаме вести за тоа како некој е избоден и тоа стана нормална работа. Луѓето веќе се навикнати на тоа, па само ја свртуваат страницата и продолжуваат со читање на следните вести. Мојата скулптура има за цел да ги натера луѓето да сфатат колку ножевите се присутни и опасни, смета Бредли.

Секој од 100.000 ножеви користени во скуплтурата рачно се заварени за џиновска скулптура од челик.

Бредли во секој нож го изгравирал името на жртвата која страдала од него. Тој исто така ги повикал и останатите семејства да донираат ножеви со кои се убиени нивните блиски, за да се унапреди неговото дело.

https://www.facebook.com/ThisIsZinc/videos/741256506075018/