Обвинетите во „Диво насеље“ го бараат Ахмети за сведок

Сподели со своите пријатели

Обвинетите лица во случајот „Диво насеље“ денеска повторно седнаа на обвинителна клупа, а седницата после поголем временски период беше отворена за јавност.

Лицата кои се сомничат за тероризам бараат сведок во постапката да им биде Али Ахмети, лидерот на партијата ДУИ, но и други политичари за кои тие велат дека биле вмешани во нападот во населбата Тоде Мендол.

Адвокатите велат дека доколку Али Ахмети не се појави да даде исказ вистината ќе ја презентираат во јавност.

Во измиантиот период свој исказ дадоа вкупно 18 заштитени сведоци, а неколку рочишта беа затворени за јавност. Од денеска па во наредниот период одлучено е доказите што ги има државата, освен класифицираните, да се читаат усно и да им се објаснуваат на обвинетите, бидејќи не разбирале што пишува во доказниот материјал.

Станува збор за над 4.000 страници срочени во пет папки кои според судот може да се читаат во следните неколку месеци.